fbpx

ДИК ќе им ги врачи уверенијата на пратениците, ново собрание до 31 декември

-

Државната изборна комисија денеска ќе ги издаде уверенијата за избраните пратеници по што ќе може да се конституира Собранието, со пратениците избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември.

Овластените претставници на коалициите и на политичките партии што освоија пратенички места ќе ги подигнат уверенијата во 14 часот во просториите на ДИК.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на последната прес-конференција одржана по прегласувањето на избирачкото место 2011 во Теарце, рече дека денеска во Собранието ќе биде доставен и извештајот за предвремените парламентарни избори, по што спикерот на претходниот состав на Собранието, Трајко Вељаноски, ќе може да ја закаже конститутивната седница.

Крајниот рок за одржување на првата седница на новото собрание е сабота 31 декември. Доколку седницата не ја свика Трајко Вељаноски, честа да го стори тоа и да ја води првата седница, според Деловникот на Собранието, ќе ја има највозрасниот пратеник од новоизбраниот состав – Бранко Маноиловски од ДУИ.

Собранието може да се конституира ако на седницата присуствуваат мнозинството избрани пратеници, а откако ќе се утврди кворумот, се избираат претседател и членови на Верификационата комисија на Собранието.

Според Договорот од 20 јули, денеска оставки треба да поднесат и министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Заради организирање на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, кои ќе се одржат во 2016 година, Собранието на Република Македонија на предлог на претседателот на Владата на Република Македонија, сто дена пред денот на одржувањето на избори за пратеници во Собранието на Република Македонија избира министер за внатрешни работи и министер за труд и социјална политика, на предлог на опозицијата, со мандат кој трае до денот на објавувањето на конечните резултати од Државната изборна комисија за спроведените предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Македонија, по што мандатот им престанува по сила на закон (став 1 од членот 1 од измените на Законот за Влада, донесен на 28 јули годинава, врз основа на Договорот од Пржино и на Договорот од 20 јули.)

Функцијата министри до формирањето на новата влада, според овие измени, по заминувањето на Спасовски и на Ременски, треба да ги преземат актуелните заменици-министри во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за труд и социјална политика, Агим Нухиу, односно Ибрахим Ибрахими.

Денеска мандатот им завршува и на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов (МВР), Диме Спасов (труд и социјална политика), Љупчо Николовски (земјоделство), Александар Кирацовски (администрација и информатичко општество) и Кире Наумов (финансии).

На предвремените парламентарни избори, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратеничко место, коалицијата предводена од СДСМ – 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА – 2 пратенички места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...