fbpx

ДИК: Излезноста на гласачите до 17 часот е 49,14 отсто

-

На третата прес-конференција во седиштето на Државната изборна комисија, портпаролката на Комисијата, Љупка Гугучевска, информираше дека излезноста на гласачите на нивно на цела Македонија до 17 часот е 49,14 отсто.

На ниво на Град Скопје, пак, излезноста два часа пред затворање на гласачките места е 50,58 отсто.

Во Аеродром одизивот на гласачите е 55,83 отсто, во Битола – 50,39 отсто, во Бутел – 49,59 проценти, во Велес – 51,26 отсто, во Гази Баба излезноста е 58,02 отсто, во Карпош – 57,68 отсто, во Кисела Вода – 53,09 проценти, во Куманово излегле да гласаат 42,42 отсто од граѓаните, во Охрид – 52,95 проценти, во Струмица гласале 51,13 отсто од запишаните гласачи, во Тетово – 39,28 проценти, во скопски Центар – 56,11 отсто, во Чаир – 43,02 отсто, во Шуто Оризари излегле 33,8 отсто од гласачите, а во Штип – 57,01 отсто.

Од ДИК информираат дека највисока излезност на ниво на Македонија има во општина Вевчани, каде до 17 часот излегле да гласаат 72,05 отсто од запишаните избирачи, а најнизок одзив има во Маврово-Ростуше, каде на гласачките места се појавиле 31,19 проценти од гласачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...