fbpx

ДИК: Излезноста до 13 часот на ИМ 2901 во Чаир е 20,86 отсто

-

Гласањето на избирачкото место 2901 во општина Чаир, каде се врши прегласување на вториот круг од локалните избори се одвива непречено, а до 13 часот на гласање излегле 20,86 отсто од запишаните избирачи.

Како што соопшти портпаролката на Државната изборна комисија, Љупка Гугучевска, до 13 часот од вкупно запишани 719 избирачи на гласање излегле 150, односно 20,86 отсто.

Гугучевска потсети дека гласачите на кои им е повредено гласачкото право имаат можност да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа, но досега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.

Граѓаните исто така можат изборните неправилности да ги пријават на бесплатната телефонска линија на ДИК, односно на 0800 555 44.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...