fbpx

ДИК: Гласањето во дијаспората тече во најдобар ред

-

„Сите гласачки места во казнено-поправните установи се отворени во 7 часот и гласањето таму ќе трае до 19 часот. На овие гласачки места, своето избирачко право ќе можат да го остварат 2.015 гласачи. Во текот на денешниот ден ќе гласаат и лицата кои се наоѓаат во центрите за внатрешно раселени лица, а такви гласачи има вкупно 13. Во своите домови избирачкото право ќе го остварат вкупно 5.746 гласачи“, информираше Љупка Гугучевска од Државната изборна комисија на денешната прес-конференција.

Во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои поднеле пријава за гласање во странство се запишани 20.573 гласачи. Своето избирачко право ќе може да го остварат во текот на денешниот ден на 46 избирачки места во странство.

– Сите гласачки места на територијата на Австралија, Азија и на Европа се отворени и гласањето се одвива во најдобар ред – изјави Гугучевска.

Таа истакна дека гласачите, своите гласачки ливчиња треба да го обележуваат исклучиво со заокружување на редниот број пред подносителот на листата, заокружување на симболот на подносителот на листата или на целиот назив на подносителот на листата со хемиско пенкало во сина боја. Ливчињата обележани на поинаков начин ќе се сметаат за неважечки.

Одговарајќи на новинарско прашање информираше дека сè уште немаат официјални податоци за одзивот денеска на болните, затворениците и на внатрешно раселените лица и дека во текот на денот, откако ќе ги добијат, ќе ги испратат.

Таа додаде дека интересот за набљудување на овие избори од страна на домашни и на странски организации и медиуми е голем.

– ДИК издаде акредитација за набљудување на 7.585 домашни, 667 странски набљудувачи, 354 преведувачи и 75 странски новинари – додаде Гугучевска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел возврати со напад врз Иран, Иран не планира да одговори

Израел утрово лансираше воздушен напад во близина на иранскиот град Исфахан, велат американски извори за Си-би-ес, а пренесува Би-би-си. Нападот доаѓа шест дена по нападот на Иран во Израел, кога...