fbpx

ДИК ги потврди листите на 12 политички субјекти, а на еден ги врати на доработка

-

Државната изборна комисија вечерва целосно ги прифати кандидатските листи на пет политички субјекти, а на еден им врати дел од листите на доработка поради констатирани неправилности.

Комисијата на седницата ги потврди листите на Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија, на Коалицијата „Алијанса за Албанците“, на Левица и на НДМ, додека листите на СДПМ за првата и за третата изборна единица, се вратени на доработка.

Кандидатските листи на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на опозициската коалиција предводена од СДСМ, на ДУИ, на ДПА, на ПДП, на ЛП и на Беса беа прифатени на вчерашната седница на ДИК.

Редоследот на кандидатските листи на гласачкиот лист ќе биде утврден на 20 ноември со ждрепка, а следниот ден ќе почне 20-дневната изборна кампања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...