fbpx

ДИК: Денеска е последен рок за објавување на цените за закуп на рекламен простор за локалните избори

-

Државната изборна комисија се обратила до сите општини за да обезбедат соодветни просторни и технички услови за работа на општинските изборни комисии, за непречено организирање и спроведување на локалните избори на 15 октомври, информираат комисијата.

ДИК ги известила сите општини и Градот Скопје дека се должни најдоцна денеска јавно да ги објават локациите и цените за закуп на рекламните паноа и билборди, додека најдоцна до 25 август, општините и Градот Скопје се должни да ги објават условите за добивање право за користење на местата за истакнување изборни плакати.

„Истовремено, Државната изборна комисија, известува дека денеска е крајниот рок до кога печатените медиуми и електронските медиуми (интернет-порталите) се должни ценовниците да ги достават до ДИК, Државниот завод за ревизија (ДЗР) и до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), а радиодифузерите да ги достават и до Агенција на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ)“, се вели во соопштението.

Во однос на крајниот рок за поднесување листи на кандидати за локалните избори, ДИК известува дека во согласност со роковникот за извршување изборни дејства, крајниот рок е 14 септември, а не како што беше објавено во дел од медиумите 9 септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...