fbpx

ДИК: До 13 часот излезноста на референдумот е 16 отсто

-

До 13 часот на референдумот излегле 261.473 гласачи или 16 отсто од вкупно запишаните гласачи во Избирачкиот список. Ова се резултати од обработени 90,24 отсто од избирачките места , рече Оливер Дерковски, претседател на Државната изборна комисија.

Според податацоите на ДИК, најголем одзив има во скопските општини – Центар каде изглеле 26,29 отсто од запишаните галсачи, Карпош со 23,97 отсто и Сарај каде до 13 часот гласале 21,24 отсто. Најмал одзив има во Босилово – 6,96 отсто и Илинден – 7,18 отсто.

Гласањето тече мирно и без посериозни инциденти. Полицијата приведе неколку лица кои се обиделе да нападнат полициски службеници или пак навредувале или сликале граѓани кои сакале да гласаат.

Утринава започна гласањето на референдумот на кој, според одлуката донесена од страна на Собранието, прашањето на кое ќе се изјаснат граѓаните гласи: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“.

Референдумот ќе биде консултативен, a право на глас имаат 1.806.336 гласачи, кои се запишани во Избирачкиот список, кој беше заклучен на 10 септември. Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот. Референдумот се спроведува на 3.480 избирачки места во 80 општини во земјата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...