fbpx

ДИГУ бара општина Охрид да го поништи одобрението за градба на хотел во Лагадин

-

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам (ДИГУ) до граѓанската иницијатива „Охрид СОС“ доставил известување во кое се наведува дека бара од Општина Охрид да го поништи незаконски издаденото одобрение за градба на хотел во Лагадин.

„Во меѓувреме, известување стигна и од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во кое се вели дека Општината го усвоила општиот акт за Лагадин прекршувајќи ја својата законска обврска да спроведе оцена за влијанието врз животната средина. Дополнително, Инспекторатот за животна средина ги потврди и нашите констатации дека објектот не смее да се гради на помалку од 50 метри од највисокиот водостој на езерото“, велат од „Охрид СОС“.

Известувањата од инспекторатите биле официјално проследени до сите советници од Советот на Општина Охрид.

Инспекцискиот совет на Република Македонија ја известил „Охрид СОС“ дека поради комплексната природа на случајот и многуте прекршени закони, постапката е сè уште во тек и конечно решение за случајот допрва треба да има.

Од граѓанската иницијатива се уверени дека ќе преовлада правдата и ги потсетија институциите што ги прекршиле законите дека ќе одговараат и за најмалото сторено кривично дело.

EPSON MFP image
EPSON MFP image

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...