fbpx

Џон Кери бара ставање крај на „пеколот“ во Сирија

-

Соединетите Американски Држави (САД) ги интензивираат дипломатските напори за ставање крај на „пеколот“ на граѓанската војна во Сирија и покрај зголемувањето на нејзината поддршка на умерените бунтовници, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, пренесува „Би-Би-Си“.

Кери патува за Виена, на состанокот посветен на ставањето крај на четири и полгодишниот конфликт во Сирија. На состанокот ќе учестуваат министрите за надворешни работи на западните сили, Русија, Саудиска Арабија, Турција и други земји од Блискиот Исток.

Првпат учесник на ваквите разговори ќе биде и Иран.

Инаку, Русија и Иран се страната што го поддржува сирискиот претседател, Башар ал-Асад, додека САД, Турција, Саудиска Арабија и уште неколку други арапски земји, се против тој да има влијание на иднината на неговата земја на подолг рок.

Како што пренесува „Би-Би-Си“, шефовите на дипломатиите на Велика Британија, Франција, Германија, Египет, Либан и на Европската унија, исто така, го потврдиле своето учество на состанокот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измислена изјава на Фон дер Лајен пласирана како вистинска

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на 15 април 2024 година никаде на изјавила дека во наредните 15 години најверојатно ќе нема проширување на ЕУ. Вакво нешто таа нема изјавено...