fbpx

Џолев: Кривичните постапки се решаваат за најмногу две години

-

Кривичните постапки, во принцип, најчесто се решаваат за најмногу две години, рече денеска претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев, на средбата со новинари.

Тој информираше дека во 2014 година биле покренати вкупно 34 кривични постапки за организиран криминал од кои 21 биле завршени истата година, во 2015 година биле завршени 10, во 2016 една, а две во 2017 година по што не останал нерешен предмет.

– Во 2015 година се покренати 88 постапки од кои 67 се решени во првата година, во 2016 се решени 13, во 2017 седум, а во 2018 година една. Во 2016 година имало 86 предмети од кои 55 се завршени во тековната година, во наредната 2017 се решени 16, а во 2018 пет. Остануваат уште 10 кои се во постапка. Во 2017 година се покренати вкупно 43 постапки, меѓу кои од јуни и постапките поднесени од СЈО. Истата година се завршени 18, а во првите шест месеци од годинава уште девет предмети. Останува да се разгледаат уште 16 – рече Џолев.

Тој додаде дека од вкупно покренати 34 постапки за злоупотреба на службената положба во 2014 година, за 20 се изречени затворски казни, за 12 условни, за една ослободителна пресуда, а за една е запрена постапката.

Како што нагласи, во 2015 година биле поднесени 62 барања за изземање судии од кои за 31 се донесени решенија со кои се одбиени, шест се отфрлени, а 24 уважени. Од барањата, 32 биле поднесени од странките, а 30 од самите судии.

Во 2016 година се поднесени 75 барања за изземање судии од кои 34 се одбиени, шест отфрлени, а 36 усвоени. Од нив 40 се поднесени од странки, а 35 од судиите.

Во 2017 година биле поднесени 105 барања за изземање судии. Од нив 40 се одбиени, седум отфрлени, 56 усвоени, а две повлечени. Од барањата 29 ги поднеле странките, а 76 самите адвокати. Годинава се поднесени 78 барања за изземање судии од кои 55 се усвоени, 20 одбиени, а три отфрлени.

Големиот број на барања за изземање судии се поднесени од самите судии, како што рече Џолев, заради учеството на судиите во кривичните совети кои одлучувале за оценката на обвинението, што самото по себе подразбира да бидат изземени, како и поради спомнувањето во „бомбите“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...