fbpx

Џара: Кризата во Македонија е последица на судирот меѓу Русија и Западот

-

Ситуацијата во Македонија е резултат на конфликтот меѓу Западот и Русија, оценува новинарката и главен уредник на „Зери“, Арбана Џара, во коментарот објавен на „zeri.info“.

Џара смета дека Албанците, со помош на своите западни сојузници, без разлика што се важен дел од електоратот во Македонија, се искористувани од македонските политичари. Таа вели дека ставовите на Груевски не се ништо ново за нив, додека, што се однесува на Зоран Заев, таа вели дека тој ги манипулира Албанците со тоа што се преправа дека ги почитува нивните права и дека сака да ги имплементира. Според неа, единствена цел на Заев е да ја добие поддршката на Албанците за да го победи Груевски.

Во однос на влијанието на ЕУ во решавањето на кризата, авторката смета дека ЕУ е неспособна да се справи со претседателот Ѓорге Иванов. Таа оценува дека ситуацијата е последица на смената на власта во САД, како и на демонизацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја направи кон странските дипломатски мисии во Скопје.

Џара оценува дека Русија го користи вакуумот од меѓународното присуство на Западот за да се наметне како влијателна сила во регионот.

Во пресрет на утрешната посета на еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јонаес Хан, Џара го отвора прашањето дали Брисел ќе понуди решение или ќе одлучи дека тоа е невозможна мисија за ЕУ и ќе ја остави ситуацијата на милост и немилост на  глобалните геополитички судири.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...