fbpx

Џафери во суд: Извикуваа дека сите ќе нè убијат

-

Напаѓачите извикуваа „сите ќе ве убиеме, нема да излезете од тука“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска во Кривичниот суд каде сведочеше за жестокиот напад врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во упадот во Собрранието на 27 април минатата година.

На денешната главна расправа, Џафери е првиот сведок. На почетокот на рочиштето, судијката Славица Андреевска го праша Џафери дали го разбира македонскиот јазик, на што тој одговори потврдно и рече дека не му треба преведувач.

Рече дека се почнало околу 19 часот кога група граѓани насилно влегле во прес-центарот на Собранието, и дека Зоран Заев, Оливер Спасовски, Горан Мисовски, Александар Кирацовски, Дамјан Манчевски, Весел Мемеди, Сурија Рушити и Зијадин Села направиле кордон за да го заштитат, а го заштитувале и припадниците на обезбедувањето на Оливер Спасовски.

По него, за настаните во Собранието на 27 април лани, треба да сведочат и министерот Дамјан Манчевски и пратеникот Александар Кирацовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...