fbpx

Џафери во работна посета на Романија и Литванија

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, од денеска до четврток ќе престојува во работна посета на Романија и Литванија. Тој ќе присуствува на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО, информираат собраниските служби.

Седницата во романскиот парламент ќе се одржи утре, а во Литванија на 14 март. Џафери, кој ќе оди во придружба на пратеникот Панчо Минов, ќе се обрати пред пратениците на Сејмот на Литванија.

Во рамките на овие работни посети претседателот Џафери ќе има и билатерални средби со домаќините и со други државни претставници од Романија и Литванија.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Бугарија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...