fbpx

Џафери: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира работата со 30 реплики за отсутниот Артан Груби

-

Во двете продолженија по блокадата на собраниската говорница околу пладне, дебатата за предлогот на Владата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски мина  во посмирен дух.

И во двете продолженија Илија Димовски процедурално реагираше да се прекине расправата додека не се добие мислењето од Комисијата за спречување на корупцијата дали може да продолжи постапката за разрешувањето на Зврлевски во период кога се распишани избори. Тој дури и побара сите пратеници да побараат од Антикорупциска комисија побргу да го достави мислењето.

Во полемиката за тоа дали се забавува работата на Собранието, Џафери посочи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја забавуваат работата, оти има вкупно 30 реплики од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за Артан Груби од ДУИ, кој не е присутен во салата. Џафери рече и дека нема да дозволи законодавниот дом да зависи од нечие мислење.

– Благодарам на размислувањата и за сугестиите, но кажав и повторувам, не можам да правам преседан Собранието да е зависно од нечие мислење. Имате право на мислење, таа институција има обврска како пратеник да ви одговори. Но, нема да дозволам да се воспостави преседан и практика Собранието како законодавен дом да зависи од нечие мислење – рече Џафери.

Дебатата помеѓу двајцата, во која се цитираа членот 16 од Законот за спречување корупција и членот 8а од Изборниот законик, беше дополнета од реплики на Владанка Авировиќ, Крсто Мукоски и на Нада Ципушева, при што беше повторено барањето на ВМРО-ДПМНЕ јавниот обвинител да го предлага опозицијата, а да се избира со двотретинско мнозинство.

Расправата беше прекината со редовната пауза за ручек.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...