Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска и утре е во официјална посета на Република Бугарија. Тој утре ќе присуствува седницата на која што ќе се ратификува Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во Народното собрание на Република Бугарија.

Од македонското собрание информираат дека по ратификацијата, Џафери ќе има средба со претседателката на Народното Собрание на Бургија, Цвета Карајанчева со која ќе дадат заеднички изјави за медиуми.

Во рамките на посетата предвидена е и средба со вицепремирката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.