fbpx

Џафери: Референдумот ќе биде основа за идните процеси во институциите

-

Граѓаните денеска ги поставија темелите на идната Македонија. Се надевам дека вердиктот на сувереноста ќе придонесе за подобра иднина на сите граѓани и ќе биде основа за идните процеси кои што не очекуваат во следниот период во институциите на системот, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на прес-конференција.

– Им честитам на сите граѓани за овој значаен ден на кој се одлучуваше за иднината на граѓаните, но и за иднината на следните генерации – рече Џафери.

Тој кажа дека не гласал на денешниот референдум, бидејќи неговото име го немало во избирачкиот список.

– Да, точно е, не гласав. Не можев да го искористам демократското право, бидејќи моето име не беше на избирачкиот список. Но, се надевам дека се работи за изолиран случај – изјави Џафери.

Во однос на двотретинското мнозинство Собранието, собранискот спикер рече дека ќе има напори да се обезбеди конесензус по ова прашање и потсети дека не се работи за теснопартиски интереси туку за интересите на државата односно за интересите на граѓаните.

На прашањето за можните предвремени парламентарни избори, кои ги најави Заев, Џафери рече дека таа одлука е на политичките партии кои ако обезбедат соодветно мнозинство во соодветна процедура, тогаш тој како претседател на Собранието ќе одговори на барањата на пратенциите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...