fbpx

Џафери: Расправата за Зврлевски ќе продолжи, а пратениците нека си бараат друго мислење

-

На седницата за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара еден час пауза за да состави писмо до Државната комисија за спречување на корупција, за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата бидејќи се распишани локалните избори.

Тој смета дека во согласност со членот 8а од Изборниот законик, од денот на донесувањето на одлуката за распишување избори до завршување на изборите, пратениците не можат да носат одлуки, не можат да се почнат постапки за вработување нови лица и за престанок на работните односи на јавните функционери, односно постапките се ставаат во мирување.

На ова, претседателот на Собранието, Талат Џафери, рече дека како координатор на пратеничка група и пратеник може да се обрати до која било институција и да побара мислење, но тоа не значи дека Собранието не треба да продолжи да работи.

– Собранието не е должно да прекине со работа ако пратеник или партеничка група мислат поинаку. Немам намера да се обратам до ниту една институција во однос на моите надлежности. Според законот и деловникот, она што важи за Влада не се применува аналогоно на работата на Собранието. Секој пратеник може да се обрати до кој било орган доколку има некоја дилема, јас немам дилема за продолжението на оваа седница. Собранието не е должно да бара мислење од институција, во случајов Државна комисија за спречување на корупција, која ја формирало самото Собранието – рече Џафери.

Пратеникот на СДСМ, Тунтев, смета дека и денеска опозицијата се обидува да ја одолжи работата на Собранието по оваа точка.

– Опозицијата се обидува да оди во недоглед со постапката почната на барање на Владата за разрешување на Зврлески поради незаконско и несовесно работење на државниот обвинител. Дебатата не е дел од постапката за разрешување. Ако толку сакаат, нека се откажат од дебатата и нека се оди директно на гласање – изјави Тунтев.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кажа дека дебатата е дел од постапката за разрешување и никој нема право да ги тера пратениците да се откажат од таа дебата.

И тој побара седницата да биде прекината и да се дебатира за други теми, кои, како што рече, се значајни за граѓаните, како депонијата, пожарите, зголемување на платите во администрација и за мигрантите.

Продолжението на седницата е закажано за 15 часот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стар говор на Трамп не е доказ дека Обама стои зад ИСИС и нападите во Москва

Трамп навистина рекол дека Обама е основач на ИСИС, но тоа има метафорично значење, мислејќи, пред сè, на политиката која ја водел Обама и постапките кои ги преземал. Иако...