fbpx

Џафери: Подготвен сум да бидам и претседател на државата доколку на изборите нема цензус

-

Претседателските избори најверојатно ќе бидат распишани на 8 февруари, а ќе се одржат на 21 април првиот круг и на 5 мај вториот круг, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери на денешниот брифинг за новинари.

– Собранието е подготвено за избори и ќе работи се до почетокот на кампањата за избори, за пратениците да не тераат кампања во законодавниот дом – вели собранискиот спикер.

Доколку на изборите не се постигне цензус од 40 отсто во вториот круг, за шест месеци изборите ќе треба да се повторат, а во меѓувреме Џафери ќе ја врши функцијата претседател на државата за што вели дека е подготвен.

– Според Уставот не може да има празнина во функцијата. Тоа што сум презел одговорност да бидам претседател на Собранието тоа значи дека сум ја презел цела одговорност, а една од тие одговорности е и таа – вели Џафери.

На прашањето дали можеби ќе биде кандидат за претседател на државата од редовите на ДУИ, тој кратко одговара дека тој е претседател на Собранието.

Џафери вели дека предвремени парламентарни избори не и се потребни на државата затоа што има процеси кои треба да се завршат. Во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, тој вели дека е поминат рокот од воведување на 100 дена техничка влада пред парламентарни избори согласно Договорот од Пржино.

На прашањето кога во Собранието ќе се воведат двојазични табли, собранискиот спикер вели дека има рок од шест месеци тоа да се реализира и дека нема потреба од брзање туку од квалитет. Џафери најави дека веќе од следната седница, расправите ќе ги води на албански јазик.

Седница за избор на членови на Антикорупциска комисија најверојатно ќе биде закажана на 8 февруари.

– Огласот се затвори, ќе се врши евалуација на кандидатите потоа ќе им се вршат интервјуа. Потоа Комисијата за избори и именувања треба да подготви листа на кандидати и ова се очекува да се заврши до 6 или 7 февруари за на 8 да има седница – додава претседателот на законодавниот дом.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...