fbpx

Џафери – Палмер: Судството да води сметка за интересот на државата и за доброто на граѓаните

-

Претседателот на македонското Собрание, Талат Џафери, со директорот на Канцеларијата за Јужна и Централна Европа во Стејт департментот, Метју Палмер, во Вашингтон разговараше за актуелните политички случувања во Македонија.

Двајцата соговорници, како што соопштуваат од кабинетот на Џафери, се согласиле дека судската власт треба да е независна и транспарентна во донесувањето на одлуките, но и да води сметка за интересот на државата и за доброто на граѓаните.

Џафери на средбата истакнал дека интеграцијата во НАТО и во ЕУ остануваат врвен, државен, политички и стратешки приоритет на Македонија.

– Законодавниот дом се приклучува кон заложбите за реформските процеси, кои се приоритет како на парламентарното мнозинство така и на сите политички чинители во државата, при што и конструктивноста на опозицијата е од суштинско значење – изјави Џафери, додавајќи дека поддршката од УСАИД е повеќе од добредојдена и значително придонесува за демократскиот развој на земјата.

Палмер, од друга страна, изразил почит за исклучителната улога на претседателот Џафери во олеснувањето на транзицијата на власта и враќањето на функционалноста на законодавниот дом. Тој истакнал дека Соединетите Американски Држави се грижат за демократските процеси и за владеењето на правото во Република Македонија, бидејќи во неа гледаат посветен партнер кого ќе продолжат да го поддржуваат и во иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...