fbpx

Џафери: Опозицијата го дава целосниот легитимитет на Собранието, таа не е декор

-

„Во последните две години живееме во сериозна општествена и политичка криза која го погодува секој граѓанин, а во голема мера таа криза е резултат на недоволно изразената надзорна функција на парламентот врз извршната власт“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафер, на конференцијата „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“, во организација на граѓанската асоцијација „Мост“.

Џафери нагласи дека на опозицијата не смее да се гледа како на декор, туку дека таа го дава целосниот легитимитет на секој парламент.

– Без опозиција не можеме да зборуваме за парламентарна демократија. Притоа не мислам на опозицијата како декор, кој само ќе дава легитимитет туку, пред сè, на нејзината активна улога во сите процеси. Но, опозицијата треба да биде свесна дека парламентарното мнозинство треба да ја спроведе и да ја реализира својата програма, бидејќи врз основа на таа програма народот му ја дал довербата да ја води државата. Со конституирањето на парламентот, а наскоро и со избор на новата влада, ќе создадеме услови за почетокот на процесот со кој, како држава, но и како општество, ќе се вратиме на вистинскиот колосек кој води кон создавање функционална држава со самостојни и функционални институции што ќе работат, пред сè, во добробит на секој граѓанин. Тоа нема да се случи преку ноќ, но парламентарното мнозинство транспарентно покажува дека тоа е наша заедничка обврска – рече Џафери, кој ги повика институциите целосно да го истражат насилниот напад во Собранието, а судовите врз основа на законите да решат дали некој е виновен или ќе го ослободат од вина.

Крис Хеншоу, директор на Националниот демократски институт – Македонија, рече дека иако земјата се соочува со многу предизвици, има голема можност да оди напред.

– Парламентот во Македонија е тој што е избран од граѓаните, а не владата. Затоа Собранието треба да ја контролира работата на власта, а не само да се притискаат копчиња и да се носат закони без вистинска дебата за нив – рече Хеншоу.

Како една од причините за нападот на пратениците во Собранието, универзитетската професорка Беса Арифи го посочи немањето одговорност, односно кризата на одговорност, која е длабоко присутна во државата во последните неколку години. Арифи нагласи дека е многу важно граѓаните да бидат вклучени во Собранието, но не преку нападот на пратеници туку преку процесите за носење на законите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...