fbpx

Џафери: Не чувствувам никаква одговорност, Иванов ги помешал лончињата

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на денешната прес-конференција рече дека не чувствува никаква одговорност затоа што тој, а не претседателот на државата, Ѓорге Иванов, ги потпиша указите за Законот за јазици и Законот за ратификација на договорот од Преспа и ги испрати на објавување во Службен весник.

– Јас не чувствувам никаква одговорност затоа што сум презел сѐ во рамки на мојата надлежност. Прво и основно претседателот е тој кој не го испочитува Уставот, од негова страна се прекршени обврските и е злоупотребена службената должност. Според член 8 од Уставот темелни уставни вредности се и уредувањето во Република Македонија преку поделба на власта. Истиот не може да се меша во надлежноста на Законодавната власт. Се чини дека претседателот Ѓорге Иванов на крајот на мандатот ги помешал лончињата. Не е тој оној што треба да покрене постапка против законодавната власт туку законодавната е таа која треба има можност да покренува постапки за одговорност за претседателот на државата – рече Џафери.

Како одговор на новинарско прашање за промената на таблите и називите во институции во двојазични, претседателот на Собранието кажа дека во Законот е јасно потенцирано дека тие имаат рок од шест месеци да го имплементираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...