fbpx

Џафери, Кирацовски и Манчевски ќе сведочат за обидот за убиство на Села во Собрание

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Алексадар Кирацовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, по велигденските празници ќе сведочат во судот на рочиштето за нападот над пратеникот и лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на 27 април во Собранието.

Собранискиот спикер Џафери бил и претходно поканет да сведочи, но со претходна најава до судот го одложил терминот поради приватни обврски.

Тие ќе треба да извршат препознавање на лицата што се осомничени дека извршиле напад врз пратеникот Зијадин Села. Обвинети за нападот се десет лица.

Села, на едно од судењата бараше половина милион евра оштета од десеттемина обвинети за трошоците што ги направил за болничко лекување во странство, претрпените физичка и психичка болка и страв.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...