fbpx

Џафери: Ја прекинав седницата заради однесувањето на пратениците, особено на Зекири

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека ноќеска ја прекинал седницата за одземање на имунитетот на Трајко Вељаноски затоа што истекло времето за носење одлука, но и поради однесувањето на пратеникот од мнозинството Мухамед Зекири.

– Седницата е прекината затоа што одмина времето предвидено за носење одлука до 24 часот. Седницата е прекината поради однесувањето на пратениците, а посебно на пратеникот од мнозинството, Мухамед Зекири. Што кажа, како кажа, мислам дека не е местото јас да повторувам. Во таква ситуација, обврска моја е да ја прекинам седницата – изјави Џафери на прес-конференција во Собранието.

Претседателот на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, Павле Богоевски, претходно на „Фејсбук“ напиша дека претседателот на Собранието Талат Џафери вчера „го злоупотребил Собранието и го заштитил Трајко Вељаноски од притвор за организација на нападот на Собранието на 27 април 2017“.

Богоевски потсети дека нападот на 27 април следуваше веднаш по изборот на Џафери за претседател на Собранието.

„Нашиот глас за Талат Џафери на 27 април резултираше со обид за наше убиство и терористички акт врз законодавниот дом. Тој немаше ниту гребнатинка. Вчера, тој го злоупотреби истото Собрание и го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас“, напиша Богоевски на „Фејсбук“.

На новинарско прашање за обвинувањата од пратениците Павле Богоевски и Мухамед Зекири дека го спасил Вељаноски од притвор, Џафери рече дека не го спасил ни Трајко Вељаноски, ни никого, бидејќи одговорноста на пратеникот не може да се одбегне во соодветна судска постапка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германската тајна служба: Со Кина не треба да бидеме наивни

Германската домашна разузнавачка служба (BfV) ги предупреди компаниите да бидат претпазливи кога имаат работа со авторитарни странски влади, како што е Кина, пренесе германската новинска агенција ДПА. Германските компании, на...