fbpx

Џафери им даде три дена рок на партиите да го кажат ставот за референдумот

-

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска достави известување до пратеничките групи во кое бара во рок од три дена да одговорат дали ќе учествуваат во јавната пропаганда за референдумот која треба да ја спроведе Собранието, како и за тоа каква кампања ќе водат, дали ќе бидат „за“ или „против“ референдумското прашање.

Известувањето е упатено до координаторите на пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, Беса, како и до пратениците на ДПА и Алијансата за Албанците.

Џафери истовремено ги информира пратениците дека по барање на Собранието, Владата на вчерашната седница донела одлука и одобрила да му се обезбедат средства на Парламентот во висина од 80 милиони денари (1,3 милиони евра).

Рокот од три дена Џафери им го дава на координаторите на пратеничките групи e заради планирана и соодветна распределба на овие средства за реализација на јавната пропаганда.

Собранието вчера формираше Координативно тело за спроведување на референдумот на државно ниво на 30 септември и водење на јавна кампања. Со Координативното тело ќе раководи Џафери, а негови членови ќе бидат потпретседателите и координаторите на пратеничките групи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...