fbpx

Џафери и Стефансон разговараа за изборот на нова влада и за локалните избори

-

Доделувањето на мандатот за составување нова влада, следните активности на Собранието на Република Македонија поврзани со тој процес и локалните избори биле главни теми на разговор на денешната средба на претседателот на Собранието, Талат Џафери, со амбасадорот на Шведска во земјава, Матс Стефансон.

Стефансон, како што соопштуваат од кабинетот на новоизбраниот спикер, на Џафери му го честитал изборот на функцијата претседател на Собранието и изразил искрени очекувања дека „политичкиот и законодавниот процес во државата набргу ќе се вратат на вообичаените патеки“. Тој нагласил дека Шведска и понатаму останува подготвена за билатерална соработка, особено меѓу парламентите на двете земји.

„Во таа насока, амбасадорот Стефансон му врачи на Џафери покана од спикерот на шведскиот Рикстад за официјална посета наесен на Кралството Шведска на петчлена собраниска делегација предводена од него, која како прва официјална посета ќе претставува силен импулс за континуитетот на пријателските односи меѓу двете држави“, стои во соопштението.

Џафери, заблагодарувајќи се, истакнал дека ова ќе ги потврди зрелоста и интензитетот на билатералните односи меѓу Македонија и Шведска, особено поради „фактот што во Шведска постои голема македонска дијаспора, која повеќе децении и преку повеќе генерации живее, работи и активно придонесува во економскиот и во социјалниот живот на земјата“.

„На средбата беа разменети видувања за актуелната политичка состојба во Република Македонија, за уставната обврска на претседателот на Република Македонија за доделување мандат за формирање влада, за следните активности на Собранието поврзани со тој процес, при што Џафери информираше и за денешната координација со претставниците на парламентарните партии околу локалните избори“, се додава во соопштението за средбата помеѓу Џафери и Стефансон.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...