fbpx

Џафери и Борисов разговарале за можностите што ги отвора Договорот за добрососедство

-

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, со генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова, Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и на коалицијата и со Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, денеска се сретнал со делегација од Република Бугарија предводена од премиерот Бојко Борисов, во која се и пратениците од Народното собрание на Бугарија, Џема Грозданова, претседател на Комисијата за надворешна политика, Борис Вангелов, претседател на Групата за пријателство со Македонија, и Станислав Станов.

Според соопштението од македонското Собрание, Џафери истакнал дека денешниот ден поради потпишувањето на Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија ќе биде забележан како меѓник во односите меѓу двете држави и изразил уверување дека соработката меѓу двете земји ќе се интензивира во иднина.

Премиерот на Бугарија ја нагласил консензуалната поддршка добиена од страна на сите пратеници во Народното собрание на Република Бугарија за потпишување на Договорот, со донесување на посебна декларација. Борисов порачал дека приоритет на Бугарија е што поскоро зачленување на Македонија во НАТО и во Европската Унија и нејзин просперитет и благосостојба на сите нејзини граѓани, како и зајакнување на меѓусебните врски преку подобрување на инфраструктурата на Коридорот 8, кој ги поврзува двете држави, се вели во соопштението од македонското Собрание.

Џафери на средбата упатил официјална покана до неговиот колега, претседателот на Народното собрание на Република Бугарија, Димитар Главчев, да ја посети Република Македонија во првата половина на 2018 година, за време на бугарското претседателство со Советот на Европската Унија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...