fbpx

Џафери-Хан: Собранието е посветено на исполнување на обврските во сите клучни области

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, се сретна со еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, Јоханес Хан, со чија денешна работна посета на Македонија започнува скрининг-процесот со Европската комисија за утврдување на нивото на усогласеност на домашното со законодавството на ЕУ.

Како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери на средбата посочил дека Собранието е целосно посветено на продолжување и продлабочување на сегашниот реформски импулс за да испорача понатамошни видливи резултати.

Џафери истакна дека со одлуката на Советот на Европската Унија за отворање на патот за почнување преговори во јуни, следната година, земјите членки испратиле јасен сигнал дека ги вреднуваат напорите на Македонија вложени во реформи и во градење на добрососедските односи.

Комесарот Хан го поздрави постигнатиот напредок, ја повтори силната поддршка на меѓународната заедница на патот на Македонија кон евро-атланска интеграција и ја нагласи клучната улога на Собранието во процесот на усогласување на законодавството.

Двајцата соговорници заклучиле дека во наредниот период ќе биде потребно фокусирање на исполнување на обврските во сите клучни области.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...