fbpx

Џафери го искара Тевдовски за доцнењето и залепи знак за „тишина“ за пратениците

-

Жестока расправа во Собранието предизвика доцнењето на министерот за финансии, Драган Тевдовски, кој требаше да ја образложи завршната сметка за буџетот за 2016 година. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја тргна точката од дневен ред и на парламентарното мнозинство му порача дека ако сака да ја врати таа точка, да свика итна седница со 20 пратеници.

Тој на мониторот пред него стави стави лист на кој пишува „Ве молам тишина“ за да не дофрлаат кога друг пратеник има право на збор.

– Во последен момент беше одложена седницата која требаше да почне во 11 часот заради работење на комисиите. Заради обврските, министерот за финансии ја напушти оваа зграда и во моментот кога го известивме, тргна назад. Неопходно е денеска оваа точка да ја вратиме на дневен ред за да може ребалансот да влезе во комисијата за буџет в понеделник – рече координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев.

На ова реплицираше претседателот Џафери, кој рече дека претставниците на Владата треба да се научат да бидат навреме присутни во Собранието кога ќе добијат покана за тоа.

– Ако министерот не можел да чека, нека си оди да бара чаре за тоа. Претставникот на Владата ќе го чека пратеникот и Собранието, а не Собранието да го чека претставникот на Владата. Законот не е ваш предлог и не може да барате да се врати на дневен ред. Ќе соберете 20 потписи и ќе барате итна седница ако ви е толку итно – рече Џафери.

Кога пристигна во Собранието, министерот Тевдовски рече дека има целосна почит кон Собранието и дека бара и тоа да има почит кон него и навреме да биде известуван за точното време на седниците. Тој побара од Џафери да ја врати точката на дневен ред, што Џафери го одби.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, побара дневниот ред да се дополни со точката за увид на договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Тој рече дека доколу оваа точка биде отфрлена, тогаш принципите за транспарентност ќе паднат во вода како предизборно ветување на Владата или како фрази кои се користат пред меѓународната заедница.

Предлогот беше отфрлен со 55 гласа, а „за“ гласа 40 пратеници.

Откако пратениците го усвоија дневниот ред, Џафери ја одложи седницата за 15 часот поради седницата на собраниската Комисија за европски прашања, која го разгледува планот „3-6-9“ на Владата за итните реформски приоритети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...