fbpx

Џафери: Додека имаме работа ќе мора да работиме, продолжуваме утре

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери не го прифати барањето на кооридинаторот на една од 10-те пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, седницата за разрешувањето на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски да продолжи в понеделник и продолжението на расправата го закажа за утре во 11 часот.

Денешното продолжение на седницата за разрешување на јавниот обвнител помина без тензии, со реплики и контрареплики меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а, освен меѓусебните надмудрувања, поголема нервоза немаше ниту пред крајот, кога Џафери не го прифати барањето на Димовски.

– Денешното однесување е резултат на однесувањето на секој пратеник поединечно. Додека имаме работа ние ќе мора да работиме. Вие ја воспоставивте динамиката во која тече дебатата. Јас не можам да ја прекинам дебатата. Денеска на двајца говорници имаме 60 пријави за реплики од кои освен двајца, сите останати се од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ. Оставам мојот начин на работа да го ценат граѓаните, јас не очекувам оценка од тие што не ме признаваат – рече Џафари.

И денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си реплицираа и контрареплицираа, барајќи наместо за разрешувањето на Зврлевски, кое според нив во период на распишани локални избори е незаконски, да се расправа за пожарите, задолжувањето, стратегијата за бегалци, Законот за јазиците, депонијата во Струга и кадровските промени во државните институции.

По пладневната пауза, која беше и единствената денеска, пратениците на опозициската партија во најголем дел зборуваа за членот 8-а од Изборниот законик тврдејќи дека според него, во ситуација кога се распишани локални избори не може да се одлучува за разрешување на јавниот обвинител.

На ова реагираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого ваквите тврдења на опозицијата се бесмислени.

– Фала ви што што го прочитавте членот 8-а од Изборниот законик. Кој овде разговара за престанок на работен однос или за вработување? Ние зборуваме за престанок на мандатот на фукционер, на носителот на функцијата државен јавен обвинител. Кога ќе го разрешиме тој нема да остане без работа, повторно ќе биде јавен обвинител, само нема да ја врши функцијата Јавен обвинител на Република Македонија. Дајте да се заложиме сите да се разреши Марко Зврлевски и да почнеме процедура за избор на нов државен јавен обвинител – рече Тунтев.

Претходно, пред паузата, дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги нападнаа медиумите и невладините организации дека одработуваат за власта со критики до опозицијата дека го блокира разрешувањето на јавниот обвинител, наместо да известуваат за „важните прашања“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...