fbpx

Џафери до Заев: Пратенички прашања може, но по локалните избори

-

Претседателот на Собранието Талат Џафери во одговорот на писмото на премиерот Зоран Заев, вели дека пратеничките прашања се предвидени со Деловникот на законодавниот дом и уверува дека тие ќе почнат да се реализираат по локалните избори.

„Собранието во Деловникот го има регулирано прашањето на пратеничките прашања, а идејата, односно подготвеноста на Владата за целосна транспарентност и надзор да се овозможи поставување на пратенички прашања на почетокот на новосвиканата седница во времетрање од еден час, Ве уверувам ќе се реализира по завршувањето на локалните избори. Убеден сум дека во изнаоѓањето на решенија за пратеничките прашања активно ќе учествуваат и претставници на Владата“, стои во писмото на Џафери до Заев.

Собранискиот спикер наведува дека надзорната функција на Собранието и неговите работни тела мора да биде редовна, рутинска и транспарентна. На ваква контрола мора да подлежат и безбедносните и разузнавачките служби од надлежните работни тела на Собранието, поради што Џафери основал и ќе раководи со работна група составена од пратеници од сите парламентарни пратенички групи.

Џафери во писмото најавува измени во Деловникот, кои ќе овозможат учество на научни, стручни и претставници на граѓанското општество во собраниските комисии, и да помогнат во квалитетот на законите и актите што ги носи Собранието и нивната примена во секојдневниот живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...