fbpx

Џафери: До сега се преведени 17.000 амандмани, поднесени се за да направат блокада

-

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вели дека до овој момент се преведени 17.000 амандмани, од вкупно 35.569 амандмани кои опозицијата ги поднесе за Законот за употреба на јазиците.

„Има членови кои имаат и по 300 амандмани, како што е случајот со членот 5, за кој ќе треба време да се преведат. Очигледно е дека ова е политичко прашање и амандманите се донесени да го блокират Законот за употреба на јазиците. Секое можно прифаќање на еден амандман би претставувало закана за Уставот. Во парламентарната процедура законот е усогласен со Уставот и не постои основа за да се смета за неуставен“, изјави Џафери на брифингот со новинарите.

Денеска во Собранието, во 12 часот ќе продолжи 32. седница на која како осма точка е ставена расправата за Законот за јазиците.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера ја прескокна оваа точка, бидејќи како што рече, „немало технички услови“ за расправата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...