fbpx

Џафери: Да стане практика денот на изборите да биде празник за граѓаните

-

Денот на избори да биде празник за граѓаните, кога тие ќе знаат дека се слободни да го направат нивниот избор, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери откако гласаше во селото Форино и посака шестите локални избори да минат мирно.

-Исто како што помина предизборната кампања, посакувам и денешниот ден да помине во мирна атмосфера. И овој ден како и секогаш кога се избори, да биде празничен за граѓаните на Република Македонија. Тоа да биде ден кога тие ќе знаат дека се слободни да го направат нивниот избор и да ја изберат најдобрата понуда според нив и тоа да стане практика во нашата земја и за натаму за да не случуваат работи како порано. Сакам да упатам честитки до сите граѓани, кандидатите за градоначалници и советници. Честито и на оние кои ќе бидат избрани – изјави Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...