fbpx

Џафери: 10-те пратенички групи прават дилема дали ВМРО-ДПМНЕ е единствена партија

-

Формално, деловникот дозволува да се формираат повеќе пратенички група од пет пратеници, но од правен аспект тоа е дискутабилно и поради тоа се создава дилема кај нивниот електорат дали тоа е единствена политичка партија или имаат внатрешни проблеми, па затоа не сакам да им го коментирам овој потег, изјави денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери, во врска со формирањето 10 пратенички групи во Собранието од страна на опозициската ВМРО-ДПНЕ.

– Не сакам да прејудицирам која е нивната намера, тоа ќе се покаже со нивното дејствување во Собранието. Ако се однесуваат како што се однесуваа вчера, тоа значи дека ќе ја искористат можноста низ принципот барање по еден час пауза, која координаторот има право да ја побара, и во 24 часа ќе бараат 10 часа пауза. Тие ќе поднесат политичка одговорност за нивното дејствување – рече Џафери.

Собранискиот спикер додаде дека денешната собраниска седница ја одложил за понеделник на барање на пратеничките групи, но не прецизираше за кои пратенички групи станува збор.

– Нивното постапување ќе резултира со соодветна постапка од моја страна, доколку оценам дека има некоја таква намера. Не сакам однапред да прејудицирам за нечија намера – рече Џафери.

Координаторот на една од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека формирањето на 10 пратенички групи е последица на однесувањето на власта во минатите 40 дена кон опозицијата и дека на тој начин имаат можност да дискутираат подолго.

Димовски нагласи дека формирањето пратенички групи сепак не значи признавање на Талат Џафери како претседател на Собранието.

– Не го признаваме Џафери за легитимен претседател, нашето обраќање досега е идентично. Се обраќаме „до претседател на СРМ“, до институцијата, ниту пишуваме „Талат Џафери“, ниту го членуваме „претседателот“. Собранието не е на никој пратеник, тоа е на граѓаните – изјави координаторот на првата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...