fbpx

Девет кандидати за претседател од ВМРО-ДПМНЕ: Силјановска, Ѓорчев, Петровски …

-

Комисијата за утврдување на кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, вчера одржа седница на која ги разгледа поднесените пријави за пројавување интерес за кандидат за претседател кои ќе учествуваат на претстојната Конвенција на 16 февруари во Струга, информираше денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Тој додаде дека Комисијата утврдила дека се поднесени 10 кандидатури, од кои една кандидатура е поднесена по рокот за пријавување и е отфрлена како ненавремена.

Кандидатите кои ги исполниле условите се:

    • Никита Шекутковски, Доктор на математички науки и редовен професор на Природно математичкиот факултет во Скопје, член на Институтот за математика.
    • Ѓорѓи Манасков, машински инженер и Претседател на Стопанската комора за енергетика на Македонија.
    • Васко Костов, фармацевтски техничар.
    • Влатко Ѓорчев, правник, пратеник во Собранието и член на Извршен комитет  на ВМРО-ДПМНЕ.
    • Гордана Силјановска Давчева, редовен професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, член на Институтот за правни и политички науки, катедра за уставно право и политички систем.
    • Илија Димовски, професор во пензија на Шумарски факултет при УКИМ во Скопје.
    • Филип Петровски, д-р на политички науки и поранешен директор на Државниот Архив на Република Македонија.
    • Горан Ангелов, правник, поранешен градоначалник на општина Виница во два мандати и Претседател на ЗЕЛС во еден мандат.
    • Сашо Кутлешовски, д-р по земјоделски науки.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможи на сите пријавени еднаков пристап до Општинските комитети на партијата во период од 6-ти до 16-ти февруари, со цел презентација на нивната програма и визија за Македонија. Сите кандидати ќе имаат еднаков третман и еднакви можности да бидат избрани, согласно принципите на демократија“, рече Мисајловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...