This page was exported from Meta.mk [ http://meta.mk ]
Export date: Tue Nov 21 8:13:24 2017 / +0000 GMT

Децата со попреченост се креативни, покажа проектот „Креираме заедно“




Фотографии и видеозаписи изработени од ученици со и без попреченост денеска беа преставени пред тетовската публика во Центарот за култура „Иљо Антески - Смок“ во Тетово, во рамки на проектот „Креираме заедно“.

- Станува збор за фотографии и за видеозаписи кои, меѓу другото, се изработени и од деца од инклузивни училишта од Струмица, Тетово и од Скопје. Добивме одлични записи - објасни Мимоза Петровска, претседателка на „Сината птица“, здружение за подршка на деца и млади со различности, кое беше вклучено во проектот подржан од Европската Унија и од УНИЦЕФ.

Целта на проектот е уште повеќе да ја разбуди креативноста на децата со пречки, вели модераторот на денешниот настан, Драги Неделчевски.

- Јас имам дете со попреченост и знам колку е важна креативноста кај овие деца. Многу луѓе сметаат дека ако некои деца имаат пречки, не треба ова или она да го работат или, пак, не се креативни. Напротив, со овој проект се уверивме дека овие деца се креативни и треба повеќе да се работи со нив на вакви проекти - изјави Неделчевски.

Проектот „Креираме заедно“ е дел од проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инклузија на децата со попреченост од Западен Балкан“.
Post date: 2017-05-14 16:25:18
Post date GMT: 2017-05-14 14:25:18
Post modified date: 2017-05-14 20:37:18
Post modified date GMT: 2017-05-14 18:37:18
Powered by [ Universal Post Manager ] plugin. HTML saving format developed by gVectors Team www.gVectors.com