fbpx

Деспотовски: Компаниите да достават изјави за сопственичка структура до ФИТР

-

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски ги повика компаниите кои беа избрани во првиот повик за финансиска помош, во рок од 15 дена да достават изјава во која ќе се изјаснат дали во сопственичката структура имаат лице кое е носител на јавна функција или член на потесно семејство.

Тој додаде дека, Фондот не е истражна агенција, сопственичката структура не е критериум при одлучувањето, но во интерес на транспарентноста и кредибилитетот на целиот процес во кој, како што вели длабоко верува, ќе ги повика компаниите самите да се декларираат.

– За оние компании кои ќе го декларираат тоа во рок од 15 дена, како директор на Фондот согласно насоките кои ги добивме од премиерот, ќе побарам од Комитетот за одобрување на инвестициите, повторно да ги разгледа тие проекти. Не можам да наредам, бидејќи Комитетот е независно тело, но ќе побарам дали тие компании кои ќе декларираат потенцијален конфликт на интерес, навистина ги исполнуваат сите критериуми – изјави Деспотовски.

Тој додаде дека во второто системско решение за следниот јавен повик, чија што постапка е веќе започната, ќе предвидат при аплицирањето секоја компанија да декларира дали во сопственичката структура има лице, носител на јавна функција или член на потесно семејство.

Деспотовски потенцираше дека интересот за првиот јавен повик за финансиска помош на компаниите ги надминал очекувањата.

„235 компании доставија апликации и согласно одлуката на Комитетот, 160 од тие компании добија можност за финансирање и дополнителни 30 кои имаат условено одобрување. Значи 75 проценти од компаниите ќе добијат финансиска помош. Договори нема потпишано, и ниту еден денар буџетски пари не се исплатени. Резултатите се објавени пред да се потпишат договорите и да се исплатат средствата“, објасни Деспотовски и додаде дека, 79 компании кои ќе бидат поддржани во првата фаза предвидуваат инвестиции во приватниот сектор од 20 милиони евра, 10,5 се државни а 9,5 милиони сопствени средства, 460 лица ќе бидат ангажирани на овие проекти, ќе се отворат 85 нови работни места со просечна плата 48.000 денари.

Во Комитетот за одобрување на инвестициите рече дека членуваат 80 домашни и пет надворешни експерти и тие биле вклучени во оценување на проектите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...