fbpx

Дерала, Јаневски и Најчевска: Народот денеска дојде по своето

-

Дојдов да им порачам на тие што читаат вицеви од говорница, што пејат од говорница, тоа да го прават в затвор, рече во продолжението на масовниот граѓански протест пред Владата активистот Џабир Дерала.

– Никој не се плаши од ’рѓосаната сабја. Народот денеска дојде по своето. Дојде време на слобода, правда и на еднаквост. Влезови и згради што не постојат, човечиња за уши што ги тегнат, за вратови ги влечат – тоа е нивната изборна победа. Затворите ги наполнија со политички затвореници, затвораат и тепаат студенти, жени, деца и стари луѓе – рече Дерала.

На сцената зборуваше и активистот Огнен Јанески. Тој побара оставка од Никола Тодоров зошто е, како што рече,  виновен за смртта на Тамaра, затоа што од пациенти, луѓето ги направил „папирологија“. Оставка побара и од Никола Поповски, а премиерот Никола Груевски го спореди со Никола Чаушеску.

По него говореше проф. Мирјана Најчевска, која рече дека „ние знаеме да се бориме за слободата, знаеме да ја цениме оваа слобода, знаеме слободно да живееме и никој не може да ни ја одземе, може да ни ја огранични да нè гази и да нè понижува, но слободата е наша, таа е овде и таа ни припаѓа нам. Ние имаме право да се побуниме против тиранијата и имаме право да бидеме достоинствени и имаме право протест и на побуна“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.