fbpx

Денеска во Собрание ќе се расправа за неколку закони по скратена постапка

-

Денеска во рамките на 103 седница пратениците ќе треба да расправаат повеќе предлог-закони по скратена постапка, како и за интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за образование, наука и спорт, Олга Најденовска, поднесена од пратениците од опозицијата.

Пратениците треба да ги разгледаат и Извештајот за работата на Агенцијата за администрација и годишните извештаи за работењето на Дирекцијата за заштита на личните податоци, на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, на Комисијата за заштита на конкуренцијата и на Државната комисија за жалби по јавни набавки, сите за 2015 година.

На дневниот ред се и повеќе други извештаи за работата на институциите во 2015 година, како и неколку предлог-одлуки за давање согласност за финансиските и стратешките планови на институциите за 2016 година.

Се очекува дневниот ред да се дополни со точката за Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за импичемнт на Иванов која пратениците на комисија ја изгласаа во петокот.

Комисијата ќе брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.

По изгласување на одлуката од страна на Собранието, комисијата за седум дена треба да изготви извештај за основаноста на предлогот на Собранието, а пратениците ќе треба да го изгласаат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...