fbpx

Денеска во Клубот на пратеници ќе се кршат копјата за специјалниот јавен обвинител

-

Денеска во 13 часот прeтставниците од политичките партии потписнички на Договорот од Пржино ќе се сретнат во Клубот на пратениците да разговараат за специјалниот јавен обвинител.

Социјалдемократите вчера категорично демантираа дека разговараат со личности кои би биле кандидтати за обвинител.

– Се уште не разговараме за имиња, затоа што е несериозно тоа да се прави без да се донесе прво закон кој ќе ја регулира оваа сфера – изјави за „Мета“ заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шеќеринска.

Според најавите и брифинзите на партиите, за оваа точка најтешко ќе се постигне договор. Ставовите на владејачката партија и на опозицијата се целосно спротивни.

СДСМ бара специјалниот обвинител да има целосна автономија во своето работење, надвор од секакви партиски влијанија. Тие бараат за специјалниот обвинител да се донесе целосно нов закон, кој ќе биде поддржан од сите партии. Од СДСМ вчера најавија дека имаат изготвено комплетно законско решение за специјалниот јавен обвинител со целосна автономност и дека денес ќе се дебатира за истото.

– Законското решение мора да биде уставно, специјалниот јавен обвинител мора да биде со целосна автономност, мора да има околу него заменици обвинители коишто ќе работат, стручни служби, техничка подготовеност, соодветна финансиска надокнада, да не трпи притисок, обезбедување, она коешто му е важно, односно секој лаик што подразбира под целосна автономија, да биде таа овозможена. Апсолутно тој да одговара само пред граѓаните, преку Парламентот, преку Совет на обвинители или директно пред граѓаните за да нема хиерархиска и субординациска поставеност. Значи да не одговара директно пред Зврлевски или пред било кој од Обвинителството, да биде целосна автономијата за да може секако да постапи по предметите коишто се поврзани со прислушкувањето и што произлегуваат од самото прислушување – изјави вчера Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ смета дека сегашниот Закон за јавни обвинители е добар и остава можност да се формираат одделенија за криминал во кои би можел да функционира и специјалниот обвинител, кој го бара СДСМ.

Претставници на СДСМ денеска ќе бидат Рената Дескоска или Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, тимот на ВМРО-ДПМНЕ ќе го водат Никола Попоски и Никола Тодоров. Од албанските партии претставници ќе бидат Артан Груби и Муса Џафери од ДУИ, како и Имер Алиу и Беким Фазлиу од ДПА.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...