fbpx

Денеска во ДИК ќе гласаат 325 членови на избирачките одбори

-

Денеска во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), за предвремените парламентарни избори закажани за недела, 11 декември, ќе гласаат членовите на избирачките одбори кои ќе го спроведуваат гласањето во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии на Република Македонија.

Гласањето е отворено во 7 часот и ќе трае до 19 часот, а својот глас треба да го дадат 325 членови на избирачките одбори во дипломатско-конзуларните претставништва и во конзуларните канцеларии.

Гласачите во дијаспората ќе гласаат во 46 дипломатско-конзуларни претставништва и во конзуларни канцеларии еден пред изборите, односно во сабота на 10 декември од 7 до 19 часот по локално време.

Најмногу пријавени за гласање има во Берн – 4.256, во Венеција – 2.724, во Детроит – 1.170, Њујорк – 1.168, Мелбурн  – 1.112.

В сабота, исто така, треба да гласаат и 13 внатрешно раселени лица, 2.015 лица кои се во притвор или во затвор и болни и немоќни лица што се пријавени за гласање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Затворени гласачките кутии, отворено прашањето за резултатите

Излезноста на избирачките места половина час пред да заврши изборниот процес била 48,47 отсто, според податоците достапни на сајтот на Државната изборна комисија. Според податоците, на претседателските избори гласале...