fbpx

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“

-

Денеска во Атина ќе се одржи големиот протест под мотото „Македонија е грчка“, против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот со името, во 14 часот по локално време.

Македонската информативна агенција (МИА) јавува дека градот е под силни безбедносни мерки на плоштадот „Синтагма“ пред грчкиот парламент, со затворени улици и метро-станици.

Според најавите во медиумите, се очекува масовна посетеност, односно најмалку еден милион граѓани. Автобуси се организирале од сите краишта на земјата, бесплатно или по цени со 50 отсто попуст.

„Солун кажа, на ред е Атина да извика: Македонија е една и грчка“, порачаа организаторите на протестот во видео-повикот, објавен на социјалните мрежи.

На присутните или лично или преку снимена порака со поздравен говор ќе им се обрати познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, а говорници ќе бидат и професор по уставно право, тројца митрополити од Грчката православна црква и претставници на организаторите.

Паралелно со протестот на плоштадот „Синтагма“, на оддалеченост од само 800 метри, анархистите подготвуваат контра протест, односно антифашистички собир.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...