fbpx

Денеска сончев и топол летен ден

-

Сончево и топло време, со слаб до умерен северен ветер ќе преовладува во Македонија денеска. Температурата ќе биде за два-три степени повисока од вчерашната. УВ-индексот ќе биде 9.

Максималната дневна температура ќе се движи од 25 Целзиусови степени на крајниот планински запад на земјава, преку 29 степени на крајниот исток, 30 степени во Охридско-струшкиот Регион до 31 степен на крајниот североисток.

Во Пелагонија живата во термометрите ќе се искачи најмногу до 32 степени, додека  во Скопје до 34 степени, еден степен повисоко во Повардарието и 36 степени во Гевгелиско-дојранскиот Регион.

Следува период на претежно сончево и топло време. За време на викендот во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста со услови за краткотраен дожд и ретки грмежи, особено в недела. Дневната температура ќе биде во постепен пораст.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...