fbpx

Денеска собраниска седница за избор на нови членови на Владата

-

Денеска Собранието на Република Македонија треба да ја одржи 50. седница, на која на дневен ред е предлогот за избор на нови членови на Владата. Седницата беше закажана откако синоќа премиерот Никола Груевски до законодавниот дом достави предлог нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски да бидат Митко Чавков и Владо Мисајловски.

Претходно премиерот Груевски ги прифати оставките на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, како и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, седницата ја закажа за 13 часот.

Собранието за денеска има најавено и дека ќе продолжи со работа по 47. седница, на која меѓу точките се годишниот извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2014 година, како и стратешкиот план, финансискиот план и предлог-одлуките за давање согласност за програмата за работа на оваа државна комисија за 2015 година.

Пратениците треба да ги разгледаат и предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала во прво читање и предлог-одлуката за давање согласност за одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување од пензиските друштва за 2015 година.

На дневен ред на седницата се и финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2015 година, како и годишните извештаи за 2014 година на повеќе институции.

Собраниските комисии за труд и социјална политика, за култура, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија денеска, исто така, ќе одржат седници.

На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е второто читање на предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за минималната плата во Република Македонија, по скратена постапка.

Комисијата за култура организира јавна расправа по предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за музеите.

Второто читање од предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за царинската тарифа ќе биде пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Законодавно-правната комисија, пак, ќе ги разгледаат предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за царинската тарифа и за минималната плата во Република Македонија, по скратена постапка, кои се во второ читање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...