fbpx

Денеска се гласа во дијаспората, а кај нас гласаат болните и затворениците

-

Од синоќа на полноќ настапи предизборниот молк, а денеска гласањето за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат утре (11 декември) се спроведува во дијаспората. Во земјава, пак, гласаат пријавените болни, изнемоштени и лицата во притвор.

Гласањето се спроведува за 2.015 затвореници и лица во притвор, а ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица. Болните и немоќните ќе гласаат дома или на адреса каде што се пријавени.

Избирачките места во дијаспората се отворени во 7 часот, а ќе се затворат во 19 часот по локално време.

Пријавени за гласање во странство се 20.573 граѓани, додека на посебниот избирачки список се запишани 230.122 лица кои се смета дека се на привремена работа во странство.

Македонските државјани во странство ќе гласаат во 41 дипломатско-конзуларно претставништво и конзуларни канцеларии. Најмногу пријавени за гласање има во Берн, 4.256, во Венеција – 2724, во Детроит – 1.170, Њујорк – 1.168, Мелбурн – 1.112.

На изборите учествуваат шест политички партии и пет коалиции со 58 листи на кандидати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...