fbpx

Денеска рочишта за „Насилството во општина Центар“, „Тенк“ и за смртта на малата Тамара

-

Во Кривичниот суд денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Насилство во општина Центар“ и раздвоената постапка за „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

На претходните рочишта на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во раздвоената постапка за случајот „Тенк“ на СЈО, беа изнесувани материјални докази и сослушани сведоци, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

Во предметот „Насилство во Центар“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште осум други лица.

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Во Кривичниот суд Скопје денеска е закажано судење и за смртта на малата Тамара Димовска од Велес, која во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Со обвинение за „несовесно работење во службата“ Основното јавно обвинителство поднесе кривични пријави против поранешната директорка на Детската клиника Аспазија Софијанова како член на второстепената комисија и поранешните директори на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗОМ), Маја Парнарџиева – Змејкова и Џемали Мехази.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...