fbpx

Денеска продолжува судењето на активистот Павле Богоевски

-

Денеска продолжува судењето на активистот на „Шарена револуција“, Павле Богоевски, кое минатиот месец беше одложено затоа што во обвинителниот предлог недостигала висината на материјалната штета предизвикана на Министерството за култура.

Богоевски се товари за учество во толпа што ќе изврши кривично дело.

Тој на минатото рочиште рече дека се изјаснил за невин, дека бил дел од групата што Зврлевски ја нарекува толпа, но дека не признава вина.

Активистката на „Шарена револуција“, Симона Спировска, на „Фејсбук“ повика на протестен собир пред Основен суд Скопје 1.

„Драги соборки и соборци! За утре е закажано судењето на Пајо! Второ рочиште, откако првото беше откажано. Утре судот ќе треба да се изјасни дали ќе го прифати обвинението против Пајо или ќе го отфрли. Другари, утре во 11.15, јас ќе бидам таму, заради сите премолчени ветувања кои си ги дадовме изминативе месеци. До слобода, другари“, пишува Спировска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 илјади гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...