fbpx

Денеска продолжува седницата за буџетот

-

Расправата за буџетот продолжува и денеска во Собранието. Опозицијата нема да даде поддршка за него бидејќи, како што истакна Марјанчо Николов, буџетот е расипнички, недомаќински, нереален и неразвоен и, според пратеникот на опозицискиот СДСМ, со него секој од нас е задолжен со нови 150 евра.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, истакна дека во буџетот има развојна и социјална компонента и очекува следната година да има повисок степен на политичка стабилност, со што ќе се создаде подобра клима за стопанството, за реализација на инвестиците и за граѓаните полесно да ги носат потрошувачките одлуки.

Планираниот дефицит е 3,2 проценти и, според Ставрески, ќе се финансира од домашни и од странски извори, односно преку еврообврзницата и издавање хартии од вредност од домашниот пазар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...