fbpx

Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

-

Расправата за ребалансот на буџетот ќе продолжи денеска на седница на Комисијата за финансирање и буџет во 11 часот. Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во своето образложение пред Комисијата вчера истакна дека основнa цел на ребалансот e да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на политиките на новата влада.

Според него, кратењето на непродуктивните трошења на власта обезбеди можност за буџетирање на нови мерки кои значат поддршка за граѓаните или домашните фирми.

Во однос на ребалансот на буџетот, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат со него се зголемува задолжувањето на државата.

„Во ставката домашно задолжување, владата на СДС планира наместо 17,8 милијарди денари, да се задолжи за 20,7 милијарди денари. Тоа се нови 48,3 милиони евра долг кон домашните доверители. Во ставката задолжување кон странство, владата на СДС планира наместо 12,3 милијарди денари, да ги задолжи граѓаните со 18,4 милијарди денари“, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ, пак, сметаат дека со ребалансот на буџетот се пренасочуваат парите кон граѓаните.

Вчера, расправата за ребалансот почна со 840 поднесени амандмани, а најголем дел од нив беа поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Расправата во матичната комисија законски треба да трае десет работни дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...