fbpx

Денеска е последен ден за пријавување матура

-

Средношколците кои годинава го завршуваат своето гимназиско образование до денеска треба да достават пријава за полагање државна матура, објавена на интернет-страницата www.matura.gov.mk.

Екстерните испити од државната матура по мајчин јазик и литература ќе се реализираат на 11 јуни, по странски јазик на 15 јуни, математика на 17 јуни и хемија, физика, биологија, историја, бизнис, филозофија и естетика на 19 јуни.

Сите испити, како што соопшти Државниот испитен центар, почнуваат во 10 часот.

Прелиминарните резултати од екстерните испити на кандидатите ќе им бидат достапни најдоцна 30 дена од спроведувањето на последниот екстерен испит.

Државниот испитен центар информира дека полагањето на тестовите од државната матура, која во учебната 2014/15 година ќе се имплементира во согласност со досегашната концепција за државна матура и завршен испит, ќе се врши единствено во писмена форма и предметот математика ќе биде изборен за сите ученици.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...