Денеска во Кривичен суд почна рочиштето за случајот „Монструм“, прво откако овој предмет го презеде Специјалното јавно обвинителство.
Во судницата се присутни обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен Фејзи Азири кој е хоспитализиран на пулмологија и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на петмината убиени кај Смилковското езеро.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на 21 март, на новинарско прашање одговори дека Специјалното јавно обвинителство воспоставило надлежност за овој предмет.
– Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се наоѓа предметот – рече Јанева.